Достапни линкови

Приштина: КФОР уапси три лица


Силите на КФОР денеска во Приштина уапсиле три лица за кои постои сомневање дека се припадници на екстремистички групи, изјави портпаролот Дру Андерсон. Не се соопштени имињата на уапсените. Полицијата на УНМИК со помош на КФОР вчера во Приштина го уапси еден од бившите команданти на Косовскиот заштитен корпус Рустем Мустафа, кој е осомничен за тортура и убиство на пет лица. Вчера е уапсен и воениот известувач од времето на војната на Косово Тахир Деску, но не се наведени причините. Силите на КФОР во општина Србица извршиле претрес во неколку села при што биле запленети извесни количества оружје.
XS
SM
MD
LG