Достапни линкови

Наташа Габер, Институт за социолошко правни истражувања. Македонците не го одобруваат потпишувањето на нишкиот договор


Дали би можеле да ни посочите конкретни податоци од ова истражување?

Мошне интересен е ставот на испитаниците во врска со потпишаниот нишки договор меѓу претставниците на МПЦ и СПЦ. Навистина е интересно што голем број од Македонците, како група, некаде околу 69 отсто, воопшто не го одобруваат потпишувањето на нишкиот договор. Само делумно го одобруваат околу 5 проценти, а во целост го одобруваат само 1 отсто од испитаниците. Но, интересно е кои решенија или кои солуции луѓето ги ан тиципираат, во случај да продолжи ваквата ситуација на непризнавање на МПЦ од страна на другите сестрински цркви. Македонците во 54 осто случаи велат дека МПЦ треба да продолжи да го чека признавањето од другите сестрински цркви без оглед на времетраењето, додека 9 отсто од Албанците го преферираат овој одговор. И сега следува она што е интересно: само 2 отсто од Македонците велат дека МПЦ треба да се откаже од идејата за самостојност на сопствената црква, додека истото тоа становиште го застапуваат 40 отсто од Албанците.

Интересен е и податокот до којшто дојдовме во поглед на признавањето на Македонската православна црква од Ватикан...

Очигледно дека луѓето во ваква ситуација размислуваат и за некои други решенија, бидејќи и нам како тим ни беше неочекуван овој резултат. Но, еве, интересно е - во истото прашање 22 отсто од Македонците сметаат дека би било пожелно МПЦ да побара признавање до Ватикан, а 11 отсто од Албанците го претпочитаат тоа решение. Нормално, тука има одредени групи испитаници кои немаат став за ова прашање - во случајов, кај Македонците тие се 20 отсто, а кај Албанците 40 отсто.
XS
SM
MD
LG