Достапни линкови

МВР го потврди постоењето на АРА - Илирида


Врз основа на проверени и потврдени информации МВР денеска го потврди постоењето на ноовата паравоена организација Албанска Републиканска Армија Илирида. Според информациите на ова министертво се работи за група од 200 луѓе што ја сочинуаат претежно ситни криминалци дилери и шверцери со дрога. Но, за среќа тие не наидуваат на поддршка на албанското население во Македонија како и албанските политички партии. Нивен воен водач во Македонија според МВР е извесен Гафур Абдули од Кичево кој живее и работи во Швајцарија, а бил близок соработник на лидерот на ОНА Али Ахмети, додека политички претставник на ново формираната организација е поранешниот претседател на ПДП Невзад Халили. Заедно со оваа организација делува и Националниот фронт за ослободување и обединување на албанските територии, на чие чело според МВР, е поранешниот крал на Албанија Лека Зогу. Тие се финансираат од фондовите: „Татковината е во опасност“ и „Повик за слобода“ кои има свои филијали во Италија Швајцарија, Германија и други западно европски земји.

Целта на Републиканската Армија на Илирида е спречување на претстојните парламентарни избори како и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор велат во ова министерство, со што преку кревање на тензиите ќе се обидат да го свртат вниманието на домашната и светската јавност за да го докажат нивнто реално постоење.

На одржаните состноци во Гњилане на 8 јули и Елбасан Албанија на 13-ти и 14-ти истиот месец на кои учествувале престаници на Албанците од Македонија, Косово, Албанија и дијаспората донесена е одлука за започнување на воени дејствија во Македонија и утврдени се виталните објекти во државата кои треба да бидат цел на тие напади. Според истите извори составена е листата на политички противнци кои треба да се ликвидираат, а според МВР овие активности веќе започнале во Македонија со убиствата на поранешните команданти на ОНА во Тетово Исуф Иљази и Бејтула Таипи како и Ариф Халили од Липково, Кумановско.
XS
SM
MD
LG