Достапни линкови

Вашингтон: Палестинска делегација на дводневни разговори


Висока палестинска делегација престојува во Вашингтон на дводневни разговори посветени на кризата на Блискиот Исток. Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат во Вашингтон дојде со став дека нема можност за промена на статусот на Јасер Арафат одговарајќи на тој начин на американските настојувања за смена на Арафат и демократски реформи во замена за создавање на палестинска држава. Во меѓувреме палестинско-израелските преговори за нормализација на ситуацијата во Газа пропаднаа, а израелската армија го продолжи уривањето на куќите на исламските милитанти.
XS
SM
MD
LG