Достапни линкови

logo-print

Од денеска рударите штрајкуваат со глад во рударските окна


Почнувајќи од раните утрински часови рударите од рудникот „Саса“ започнаа штрајк со глад што ќе се реализира во рударските окна. Сите рудари без исклучок доброволно ја прифатија идејата своите барања од владата да се обидат да ги издејствуваат и на овој начин, со оглед на фактот што власта очигледно нема слух за решавање на нашиот проблем, е ставот на претседателот на синдикатот на рударите на „Саса“ Димче Стојменовски.


„Ќе се штрајкува на хоризонт 150, на длабочина од 1,200 метри и штрајкот е доброволен.“

Вчера рударите склучија договор со министерот за економија Бесник Фетаи за поништување на фамозната цесија, што доколку се реализира, би значело дека рудникот „Саса“ автвоматски би бил ликвидиран, а негов сопственик би станал авторот на цесијата Чедо Петров.

По ваквиот договор работниците отидоа да баараат помош од премиерот, да биде сменет менаџерскиот тим во „Саса“ кој е поставен од негова страна, а кој според рударите, заедно со главниот виновник Чедо Петров кумуваат за уништувањето на оваа компанија.. Премиерот вчера не ги прими рударите.

„Барањето е едно: да се повлече раководството, и тоа првите тројца од раководството на Саса кои не дотераа до оваа ситуација, за да може протоколот што го направивме во министерството за економија да се спроведе.“

И додека Чедо Петров и неговата компанија кројат план како да го „лапнат“ рудникот за ефтини пари, и додека премиерот не се реши да го исполони нивното клучно барање ние ќе го чекаме исходот на 1,200 метри под земја додека тие горе не се одлучат да им кажат стоп на нечесните игри, велат рударите.

„Условите за штрајк во јама се многу тешки: има провев, вода, влага, загаденоста е доста голема, ама ние сме цврсто решени се до исполнувањето на барањата да останеме во јамите.“

Останатиот дел од вработените во рудникот „Саса“ го блокираа патниот правец Македонска Каменица - Скопје.
XS
SM
MD
LG