Достапни линкови

На Јован му престанува работниот однос во МПЦ


На поранешниот митрополит повардарски Јован од денеска му престанува работниот однос како митрополит на повардарската епрхија и во македонската православна црква. Ова е одлуката на синодот на МПЦ што произлезе по истекот на рокот од 30 денови што му беше определен за да се врати во единство со МПЦ.
Тоа значи дека синодот повеќе нема никакви обврски кон Јован кој поединечно прогласи канонско единство со српската и другите православни цркви.

На денешената седница на синодот владиците донеле одлука со која Јован ќе го сметаат отпаднат и одроден бидејќи тој самиот се ометна и делува против МПЦ се вели во соопштението во кое на Јован синодот од денес му забранува секаков пристап како архиереј во црквите и манастирите на МПЦ и вршење на црковни служба во нив.

Ваквиот епилог за поранешниот владика Јован кој е на пат во Грција не претставува изненадување со оглед на неговиот познат став дека тој не гледа со сериозност на МПЦ а тоа го повтори и денеска

„Еден владика да се разрешиод епархиска должност претходно треба да го судиш. Без судски процес не е можно да се случи тоа што го направиле. Меѓутоа, во македонската црква, за која сите знаат дека си игра црква, се може да се случи, па така се случила и оваа работа. Господ нека им е на помош. Таквата одлука никој во светот нема да им ја признае.“

изјави Јован кој како несериозна ја смета и одлуката на синодот со која му се забранува богослужење во македонскиет цркви.

„И како ќе го спроведат тоа? Дали со полиција ќе чуваат да не можам да влезам по храмовите и тоа не знам како ќе го прават.“

Синодот пак во своето соопшетние потсетува дека во тек е постапка за финасиското работење на Јован за време на неговото упрвување со повардарската епрхија што се поврзува со повеќе малверзации. Ако се докажат таквите сомневања според претствници на цркавата многу е извесно дека Јован ќе треба да одговара кривично пред институциите на државата.
XS
SM
MD
LG