Достапни линкови

Изјаснување за стапување во генерален штрајк


Незадоволни од пасивниот однос на владата од која бараат зголемување на плaтите по примерот на останатите вработени во јавниот сектор синдикатот на полицијата и на одбраната изгласаа одлука да покренат иницијатива со која по пат на рефефендум вработените ќе се изјаснат за потребата од организирање генерален штрајк.

Во меѓувреме координативното тело на двата синдиката, што е формирано денеска ќе организира одделни активности за изразување на незадоволство. Таква манифестција тие ќе организираат идниот вторник пред почетокот на седницата на владата

„Во траење од пет секунди, со вклучување на светлосните и звучните сигнали на службените и приватните возила и на тој начин ќе биде изразено незадоволството на претставниците на двата синдикати.“

рече Ристо Ајтов претседател на синдикатот на одбраната

Во двата синдиката очекуват дека ако во меѓувреме не дојде до средба со премиерот и други претствници на владата тогаш веројатно дека 27 и 28 овој месец ќе бидат датумите од кога ќе може да се спроведе штрајкот.

Во оправдување на барањата за зголемувањде на платите во одбраната и во полицијата синдикалците се послужија со илустрација

„На еден вработен во одбраната платата е 10,720 денари.“
XS
SM
MD
LG