Достапни линкови

Министерот Бошковски не ги почитува минималните стандарди


Министерот за внатрешни работи не ги почитува минималните стандарди за издавање на државјанства и на декретски начин го решава давањето на државјанства, вели Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и политичко правни истражнувања за наредбата на Бошковски да се издаваат државјанства на луѓето кои по потекло се Македонци, а живет во соседните држави.

Но, таа посочува дека основниот проблем не е поврзан со самата наредба на министерот Бошковски

„Туку со она што ја дава основата на таа наредба, а што е дадена во самиот закон за државјанства, значи можноста некои луѓе да може да добиваат државјанства на привилегиран начин.“

Според Најчевска од аспект на човековите права тоа претставува облик на дискриминација

„Самата одредба во законот е дисктиминаторски поставена во однос на припадниците на другите етнички заедници коишто живеат на територијата на Репубика Македонија со тоа што се дава привилегирана положба на некого врз неговата етничка припадност.“

Како друг проблем кој произлегува од самиот закон таа го посочува проблемот на балансот помеѓу правата и одговорностите на луѓето

„Овие луѓе коишто не живеат во Република Македонија, коишто немаат никаква правна и политичка поврзаност со неа, добиваат право да одлучуваат, да партиципираат во она што претставува конституирање на власта, меѓутоа не трпат никакви последици од тоа, односно немаат никакви обврски.“

За најавата на министерот Бошковски дека ќе ги преиспитува околу 150.000 државјанства издадени непосредно пред претседателските избори во 1994, Најчевска вели

„Самото преиспитување знали ретроактивно важење на одредена правна норма, а таа е забранета во меѓународнотои и нашето право. Самиот чин претставува нарушување на правниот поредок и рушење на сигурноста што ја дава правниот систем.“
XS
SM
MD
LG