Достапни линкови

Салзбург: Владеење на правото основно за развој на Балканот


Владењето на правото е основа и услов за развојот на Балканот – оцениија синоќа на состанокот во Салзбург високите меѓународни претставници за Македонија, Косово, Босна и координаторот на пактот за стабилност. Лероа, Штајнер, Ешдаун и Бусек се согласиле дека меѓународната заедница згрешила во утврдувањето на приоритетите за балканот сакајќи да ги демократизира земјите пред во нив да биде воспоставено владеењето на правото. Тоа е предуслов за демократските структури – изјави специјалниот претставник за Босна Ешдаун.
XS
SM
MD
LG