Достапни линкови

logo-print

Израел: Девет загинати во експлозија на бомба


Најмалку 9 луѓе се убиени а неколку десетици повредени во експлозија на бомба во автобус во близина на Сафеда во северен Израел. Состојбата на 20 повредени е критична. Одговорноста за овој бомбашки напад ја презеде военото крило на Хамас како одмазда на убивањето на нивниот лидер Салах Шехада од страна на израелската армија. Во меѓувреме вооружен Палестинец отворил оган врз израелската полиција во источен Ерусалим. Израелското радио јави за тројца загинати и десетина ранети лица.
XS
SM
MD
LG