Достапни линкови

Владимир Милчин, директор на Институтот Отворено Општество. Претстојните избори пресудни за Македонија


На кој начин овој пат се вклучувате во изборните активности и кои се основните цели на вашето дејствување?

Нам ни е јасно дека овие избори ќе бидат пресудни за опстанокот на Република Македонија. Овие избори, во смисла на здрав, демократски процес, значи сето она што се подразбира кога ќе се каже слободни фер и демократски избори. Сметаме дека без тоа односите во државата ќе се искомпликуваат, стагнацијата ќе се претвори во уште поизразен ретрограден процес, да не говорам за опасностите по стабилизацијата. Значи, битно ни е да се обезбеди таков здрав процес и да добиеме власт што ќе биде легитимна и неоспорлива и неоспорена во смисла дека ја освоила власта со фалсификат или со насилство. Фондацијата на два начини учествува во ова, прво со тоа што дава грантови на невладини организации од разни профили, од локални до професионални, на пример здружение на новинари на Македонија, а и самата води свои оперативни програми што главно го покриваат спектарот едните и другите, проверка на избирачки списоци, едукација и мотивација на гласачите, мониторинг на изборите и мониторинг на медиумите, вклучително во мониторингот на изборите.

Како реагираат политичките субјекти на ваквото ваше дејствување?

Веќе неколку месеци, од моментот кога платформата за граѓанска акција „Доста е“ што е финансирана од фондацијата излезе со своите приоритети, а тоа беа токму изборите, анти-корупцијата, демилитаризацијата почна една кампања главно во државните медиуми која е одлично оркестрирана, во неа учествуваат домашни актери, меѓутоа има и луѓе кои се доведени од надвор. Очигледно една одлично оркестрирана кампања, што својата кулминација ја доби во моментот кога лично премиерот на конферецнијата за корупцијата во Македонија излезе со серија непоткрепени напади, практично клевети во кои обвини за заговор на меѓународните и домашните невладини организации дека тие работат против интегритетот или суверенитетот, што се се сведува на една изјава на тие луѓе доведени од надвор кој го обвини овој сектор во Македонија дека е петта колона.
XS
SM
MD
LG