Достапни линкови

logo-print

Трајковски формира преговарачки тим


Претседателот Борис Трајковски проценува дека во завршната фаза, односно кога истекува рокот на важење на временета спогодба помеѓу нашата земја и Грција во врска со името е време ова прашање да се постави со вистинска сериозност, велат извори од кабинетот на шефот на државава. Тие посочуваат дека по проценка на експертите по меѓународно право во моментов на маса е концептот на едно име, а не како што до сега беше презинтирано во јавноста дека се преговара за двојна формула, едно име за односите со Грција, а уставното име Република Македонија за контакти со меѓународната заедница. Сегашната формула која е во игра индиректно се поврзува со промена на уставното име, велат истите извори.

Поради овие причини преговарачкиот тим кој го формираше Трајковски според извори од неговиот кабинет, треба да го замени досегашниот преговарач во Њујорк Иван Тошевски. Претседателот на овој тим ќе назначи координатор кој во суштина ќе ги води преговорите.

„Сметам да го засилам преговарачкиот тим со луѓе кои учествувале во преговорите за сукцесија на поранешна Југославија, но и со експерти по меѓународно право и луѓе кои се актуелни и работат во нашата дипломтија. Ова би било многу корисно што ваков тим освен тоа што ќе ме советува мене ќе го советува и оној што ќе биде наш главен преговарач во процесот.“

изјави претседателот Борис Трајковски

Тимот го сочинуваат професорите Љубомир Фрчкоски, Сашо Георгиевски, Тодор Џунов експерти од областа на мегународното право и Виктор Димовски од Министерството за надворени работи.

Инаку Времената спогодба важи седум години, односно до 13 септември оваа година, но таа автоматски продолжува да важи доколку една од страните потписнички не го прекине.
XS
SM
MD
LG