Достапни линкови

ПДП и ДПА негираат дека ќе прават коалиција


Информаците дека претставници на ДПА и ПДП започнале преговори за евнтуален заеднички настап на претстојните парламентарни избори се невистините велат во двата табора на овие албански политички партии. Ваквите инфомации протекоа откако не успеа коалицијата меѓу ПДП и Демократската Унија за Интеграција на Али Ахмети кои како што соопштија не сакале коњуктурни коалиции.

Портпаролот на ДПА, Ернад Фејзулаху вели дека во нивната партија овие шпекулации се проценуваат како:

„Пуста желба на господинот Бранко Црвенковски кој сака да ја оштети ДПА по секоја цена со варојатни дека ние тајно се среќаваме со челниците на ПДП и се договараме. Најодговорно ви тврдам дека тоа не е точно и дека ДПА оди сама на овие избори со јасна предизборна политичка платформа.“

Дека нема ништо вистинито изјави и потпретседателот на ПДП Абдулади Вјсели кој беше посочен како еден од иницијатотрите за средба меѓу челниците на овие две партии:

„Тоа што е по медиумие е шпекулација. Немало таква средба или средби меѓу претставниците на ПДП и ДПА.“

XS
SM
MD
LG