Достапни линкови

Убиство во Тетово, затворени границите


Со истрели од огнено оружје денеска околу 14 часот и 30 минути во близина на тетовкста пошта тешко ранет е 34 годишниот Јусуф Иљази од Тетово кој на патот кон клиничкиот центар во Скопје им подлегнал на повредите.

На Иљази од за сега непознати причини стрелал Сервет Сулејмани од Порој кој поминувал со возило марка Хонда со жолта боја. Инцидентот се случил во најфреквентниот дел на градот во присуство на голем број на граѓани видно вознемирени од немилиот настан.

По Сулејмани распишана е потерница, а со цел да се спречи неговото пребегнување надвор од државата затворени се границите на Република Македонија, информираат полициски извори.

Екипи на СВР тетово работат на лишување од слобода на Сулејмани и расветлување на мотивите под кои настанало убиството.
XS
SM
MD
LG