Достапни линкови

Коалициите кристално јасни


Во земјава се е познато, која партија со кого ќе коалицира, а кои ќе настапат самостојно на претсојните парламентарнио избори закажани за 15-ти септември. Најголемата предизборна коалиција ја сочинуваат осум партии, а ја предводи Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија:

„ЛДП, Обединетата партија на Ромите, Демократската партија на Бошњаците, Демократскиот сојуз на Власите, во меѓувреме на оваа коалиција се приклучија и Работничко земјоделската партија, Демократската партија на Турците и Демократската партија на Србите,“ - изјави лидерот Бранко Црвенковски.

ВМРО-ДПМНЕ настапува во коалиција со Либералната Партија на Стојан Андов, а Нова Демократија која беше во игра е отфрлена:

„Ние сметаме дека двете партии се доволно јаки за да можат гласачите да не препознаат и да не бараме спас во триесет или четириесет политички партии,“ - соппшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.

А од вчера решена е и дилемата дали трите од вкупно четири партии од албанскиот блок Демократската Унија за Интеграција НДП И ПДП ќе настапат во коалиција.

„Нашата партија секогаш е за заедничко дејствување на сите албански партии, а кога тоа не може да се постигне ние не можеме да се наклониме или да бидеме во коалиција со никоја друга партија тогаш ќе излеземе сами на избори,“ изјави портапаролот на ДУИ Агрон Буџаку.

Рокот за доставување на партиските листи со кандидатите до регионалните изборни комисии е 5-ти август, а повеќето политички партии најавуваат дека ќе го искористат до крај тој термин.

Во ВМРО ДПМНЕ едно е јасно:

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер ќе ја предводи петтата, односно битолско-охридска изборна единица, а исто така и господинот Андов како претседател на либералната партија ќе предводи една од изборните единици,“ - вели портпаролот Владимир Ѓорчев.

Во останатите партии ќе се чека до последен ден. Захир Бектеши од ПДП изјави:

„До петти август ќе ги доставиме нашите листи за претенденти за пртеници по изборните единици.“
XS
SM
MD
LG