Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ: Изборите во Прешево, Медвеѓа и Бујановац начелно според стандардите


Вонредните локални избори во Прешево, Медвеѓа и Бујановац на југот на Србија начелно се спроведени во согласност со определбите на ОБСЕ и со стандардите на Советот на Европа. Ова денеска го соопшти Меѓународната мисија која ги набљудуваше изборите во овие три општини. Мисијата наведе дека забележала одредени недостатоци како групното гласање и турканиците во некои избирачки места.
XS
SM
MD
LG