Достапни линкови

logo-print

Потребно поголемо вклучување на жените во мировните мисии


Советот за безбедност на Обединтетите Нации неодамна ја нагласи потребата од поголемо вклучување на жените во мировните мисии. Ова првенствено поради загриженоста дека жените – многу почесто жртви на војната од мажите – продолжуваат да бидат запоставувани во меѓународните напори за спречување на конфликти, иако мисиите на Косово, Босна и Афганистан покажаа дека учеството на жените во нив дава позитивни резултати.

Последната расправа за спроведувањето на резолуцијата што Советот за Безбедност ја усвои уште пред две години за поголемо учество на жените во мировните мисии покажа дека не само одредени земји туку и самата бирократија на Обединетите Нации одвај да ја почитува. Учесниците во дебатата во Советот рекоа дека жените продолжуваат да бидат заобиколувани во доделувањето на високите функции во мировните мисии, дека сеуште постои рамнодушност кон злосторствата направени врз жените во војна, како што е силувањето и оти сеуште постојат случаи за злоупотреба на жените од страна на припадниците на мировните мисии. Поради ова заменик-генералниот секретар за мировните операции на Светската организација Жан Мари Гуено е задолжен да ја пренесе желбата на Советот за безбедност за подобрување на статусот на жените во мировните операции. Неговата задача е да го победи скептицизмот што владее околу ова прашање што како што вели и тој самиот го имал. Во почетокот го делев мислењето на другите дека резолуцијата на Советот за јакнење на улогата на жените е само израз на политичка коректност и ништо повеќе. Но сега вели тој, уверен сум во неопходноста од поголемо вклучување на жените во мировните мисии.

Некои злосторства, што можат да се зголемат во време на смирувањето на конфликтот се особено насочени кон жените и девојчињата. Напорите за смирување имаат сосема поинаква динамика кога жените се вклучени во мировниот процес.

Гуено вели дека некои мировни мисии како онаа на Косово или Босна се успешни примери за зголемено учество на жените во нив. Тие се особено насочени кон спречување на шверц со жени и деца како и полово насилство. Според него примерот со Источен Тимор најдобро покажува колку задржување на вниманието за застапеноста на жените дава ефекти. Таму имено по изборите спороведени под патронат на Светската Организација жените преставуваат 27 проценти од парламентот. Бавното прифаќање на Резолуцијата на Советот од страна на некои земји е резултат на доминантната улога на мажот во некои делови на светот, оцени амбасадорот на Сингапур Кишор махбубани. Тој побара напуштање на старите стереотипи. Тоа е промена која би имала големо влијание

Тоа не е апстрактна вежба. Се работи за вистински луѓе, во реални животни-ситуации чии што животи можат и ќе бидат подобрени со дебатата што ја водиме.

Во студијата што Обединетите Нации планираат наскоро да ја објават се покажува дека постои директна врска меѓу половата нееднаквост, војната и криминалот. Оттаму и потребата прашањето за улогата на жената да продолжи да биде во фокусот на вниманието.
XS
SM
MD
LG