Достапни линкови

Охрид во вистински сјај


Летово туристите се вратија во Охрид. Туризмот и евиденцијата на гостите е во надлежност на службата за туризам во локалната самоуправа.

„Бројните сондажи, како и споредбеноста на статистичката евиденција од претходните години Охрид во шпицот на туристичката сезона го добива својот максимум. Големиот број посетители, меѓу кои има и поголем број странски туристи годинава го најавува добриот период за туризмот во Охрид и регионот. Врз основа на извршената проценка и споредба со посетеноста од пред две години кога Охрид го посетуваа приближно 50,000 гости во месеците јули и август, ова лето може слободно да се спореди со тие сезони.“

вели Петар Боев од службата за туризам во општина Охрид. Речиси целосно искористени во овој период се хотелите што заедно со другите капацитети во комерцијалниот сектор бројат 8,000 кревети. Во вкупниот сместувачки потенцијал на охридската ривиера од 30,000 кревети, приватните издавачи учествуваат со простор за околу 10,000 гости. Но, во овој сектор се лоцирани и најголемите проблеми. Ова го потврдува и Боев:

„Иако Охрид е водечки туристички центар во Македонија, сепак сме соочени со издавачи на легла кои се нерегистрирани и незаконски ја вршат оваа дејност и буквално ги малтретираат гостите кога ќе пристигнат на автобуската станица и во централното градско подрачје.“

Што мислат гостите кои овде го минуваат одморот за добрите и лоши страни на охридската туристичка понуда.

„Јас сум од Битола и доаѓам секое лето и зима. Имам многу пријатели тука. Охрид е едноставно супер, јас немам зборови. Имам забелешка само на чинарот што е раскопан баш сега во екот на сезоната и не може да се помине.“

„Јас сум од Скопје, дојдена сум со малку поголемо друштво. Супер ни е, сместени сме во стан. Плажата е супер, со шанкови, се е супер.“
XS
SM
MD
LG