Достапни линкови

Вашингтон: Буш очекува Македонија да остане на патот на реформите


Американскиот претседател Џорџ Буш очекува од Македонија без оглед на одлуките од ноемврискиот самит на НАТО во Прага да остане на патот на политичките, економските и одбранбените реформи. Ова се порачува во писмото на Буш до претседателот Трајковски што денеска го дистрибуираше кабинетот на македонскиот претседател. Во писмото се наведува дека Македонија сеуште се соочува со голем број предизвици и оти целосната имплементација на рамковниот договор останува клуч за иднината на Македонија како стабилна, унитарна и мултиетнчика демократија етаблирана во Европа.
XS
SM
MD
LG