Достапни линкови

logo-print

Скопје: Договорот за реадмисија не е штетен соопшти МВР


Договорот за реадмисија потпишан од владите на Македонија и Германија нема штетни последици – соопшти денеска МВР. Потпишувањето на вакви договори е пракса во меѓународните комуникации и обврска на Македонија согласно договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија. Министерството ги оцени како тендециозни и неосновани написите во печатот според кои овој договор е закана за земјата која ќе биде преплавена со криминалци од Германија кои тврдат дека се македонски државјани.
XS
SM
MD
LG