Достапни линкови

Дипломираа 278 мулти етнички кадети


278 мулти етнички кадети взаемно обучувани од Министерството за Внатрешни Работи и ОБСЕ дипломираа денеска на полициската Академија во Идризово. Со оваа завршна церемонија која воедно беше и последна во 2002 година се заокружи бројот од 630 кадети обучувани на Академијата. Во оваа бројка влегуваат 500 регрути припадници на заедници различни од мнозинството со што се почитува обврската одредена во анексот ц од Охридскиот рамковен Договор и уште сто нови регрути кои се етнички Македонци.

Обраќајќи им се на новите кадети директорот на Академијата генералот Ристо Галевски рече:

„Битно е да сфатите и да бидете свесни дека сите граѓани на Република Македонија се еднакви меѓу себе пред уставот и законите и сите имаат еднакво право на сигурен и мирен живот. Граѓаните се граѓани, а криминалот ги загрозува животот, мирот, сигурноста и иднината на сите подеднакво.“

Додека Барт Дуг директор на одделот за развој на полицијата при ОБСЕ новите кадети ги потсети :

„Како идни полицјацји во една демократска полициска служба вие имате основна должност да ги почитувате уставот, основните човекови права на сите, да го поддржувате почитувањето на законот, да покажувате одмереност како правило, сила само онаму каде е потребно, да бидете храбри, непоткопливи, силни и праведни.“

Соработката меѓу ОБСЕ и МВР ќе продолжи и идната година со натамошни мулти етнички обуки, вклучувајќи и додатни 500 полициски кадети од заедници што не му припаќаат на мнозинството од населението во согласнот со рамковниот договор.
XS
SM
MD
LG