Достапни линкови

Усвоен нацрт-пактот за забрана на тортурата


Соединетите Американски Држави не успеаја во обидот да го блокираат усвојувањето на нацрт-пактот со кој се предвидува представници на Светската Организација да можат да вршат инспекција во затворите. Економскиот и Социјален совет на Обединетите нации кој за него расправаше го усвои со 35 гласови за, осум против и десет воздржани каков што е оној во базата Гватенамо каде се затворени Талибанци и припадници на Ал-Каеда. Имено, сликите на заробениците во синџири и со заврзани очи во американската база Гватенамо предизвикаа бран критики наметнувајќи го прашањето за американскиот третман на луѓето заробени во Авганистан.

Обидот на САД да го блокира усвојувањето на нацрт пактот беше аргументиран со ставот дека тој има големи маани за кои треба повторно да се дебатира. Американскиот представник Џон Дејвидсон рече:

„Од една страна неговиот пристап кон некои специфични прашања е во спротивност со нашиот Устав. Ова особено се однесува на решенијата од доменот на истрагата и апсењето.“

Меѓутоа овој протокол како вистинско оружје против тортурата има голема подршка на организациите за заштита на човекови права. Експертот на Хјуман Рајтс Воч Рори Мунговен вели:

„Ова е првенствено превентивен режим. Тој ќе воспостави рутина на редовни посети и дијалог со владите како да се спречи тортурата пред таа воопшто да се случи. “

Според податоците изнесени во извештајот на Амнести Интернешнал минатата година луѓето се мачени или малтретирани од страна на властите во 111 земји во светот.

По усвојувањето од страна на членките на Економскиот и Социјален совет на Обединетите нации со 35 гласови за, осум против и десет воздржани нацрт протоколот е испратен до Генералното Собрание. За да стапи во сила треба да биде ратификуван од 20 држави членки на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG