Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ја пормовираше коалицијата со ЛП, СДСМ изборната програма


Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и Либералната Партија, Љубчо Георгиевски и Стојан Андов денеска ја официјализираа нивната предизборна коалиција. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави:

„Одлуките на двете партии се донесени на сите нивоа. Ние ја формализиравме нашата коалиција и како што гледате оваа коалиција нема амбиција да ги собере сите регистрирани политички партии околу себе и да направи една омнибус коалиција, како што гледаме дека некои други коалиции имаат амбиција. Ние сметаме дека свете партии се доволни и доволно силни, доволно моќни и доволно конкретни партии со доволно профилирани луѓе и уште повеќе со доволно профилирана програма за да можат гласачите да не препознаат и да не бараме пат во триесет или четириесет политички партии.“

Лидерот на Либералите Стојан Андов вети :

„Ние ќе ја продолжиме соработката со меѓународната заедница на начин на натамошна афирмација на нашата држава во меѓународните односи. Исто така ќе се заложиме до крај и доследно да се спроведува рамковниот договор.“

Додека нивниот најголем политички опонент Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија денеска ја објави Изборната програма под мотото Има Надеж за Македонија:

„Во нашата програма не ветуваме чуда. Но, ветуваме дека за само четири години Македонија може да биде една нормална држава во светот.“

изјави генералниот секретар на оваа партија Ѓорѓи Спасов кој додаде:

„Во нашата програма изложени се три национални стратегии. Првата е стратегијата за одржување на мир и стабилност, втората за сериозно справување со криминалот и корупцијата, и третата за зголемување на вработеноста и намалување на сиромаштијата во Македонија.“
XS
SM
MD
LG