Достапни линкови

Македонците најавуваат блокади, на Албанците им била понудена трампа


Соодветните собраниски комисии за политички систем и надворешна политика денеска не понудија нови информации за 12-те киднапирани Македонци и шест Албанци.

Роднините на изчезнатите Македонци се заканија:

„Ако не добиеме информации, ќе блокираме патни правци, што за жал можеби се витални за стопанството и државата.“

Додека претставникот на исчезнатите Албанци Сами Велиу, го повика министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски јавно да се произнесе дали им понудил размена на нивните најблиски со киднапираните Македонци:

„Кај министерот Бошковски ни беше спомената некаква размена. Па затоа и беше свикана и седница и повикан е и министерот за внатрешни да даде образложение зошто го употреби тоа.“

Министерот Бошковски на денешната седница беше отсутен поради оправдани причини, а МВР го претставуваше Венко Калачовки државен секретар во ова министертво но тој не можеше да одговори на ова прашање:

„Мислам дека уште на почетокот на
седницата се дава погрешна насока и апелирам до претседателот на комисијата да даде одредена насока за водење на расправата кон решавање на проблемот, а не кон продлабочување и да речам, рекла - казала, информации што се шират меѓу роднините на киднапираните.“


Семејствата на киднапираните Македонци и Албанци се сложуваат во едно:

„Има вистина дека господинот претседател на комисијата кажа дека и тие што ги чуваат веќе се плашат, а и учесниците во политичките процеси во државата се заложници на нечија политика. Ова сигурно е некаква политичка игра.“
XS
SM
MD
LG