Достапни линкови

Пораст на алергиските заболувања на дишните патишта


Бројот на луѓето кои страдаат од алергиски заболувања на дишните патишта е во подем во сите светски статистики. Нашата земја за жал не заостанува во тој поглед.

„Ако до 96-тата, 97-та бројот на ново дијагностицирани деца со астма се движел од 500 до 600 годишно, значи на возраст од 3-та до 14-та година, последниве две години нивниот број е двојно зголемен.“

укажува Доцент Др. Гордана Манчевска Баџакова од институтот за белодробни заболувања. На оваа појава светските алероглози и посветуваат големо внимание. Нивните прогнози се предупредувачки.

„21-от век ќе биде век на епидемија на алергиските болести, посебно на бронхијалната астма и тоа во рана клиничка манифестација.“

Рапидниот пораст на алергиските заболувања се објаснува со повеќе причинители, но лекарите се согласуваат оти носечките фактори кои го потикнуваат ова во основа генетско предиспозирано заболување се во современиот стил на живеење

„Најчестиот алергент живее точно во нашите двоседи и троседи, во нашите дебели теписи, секаде каде што има волна каде што има адекватна топлина.“

Ова особено треба да го имаат предвид родителите кои заборааваат дека цигарата е штетна по здравјето особено за децата кои имаат предиспозиции да заболат од астма.

Во третманот на болеста кај нас според лекарите се следат стандардите во светот. Но, впечаток е дека паралелно со развојот на медицината во светот во последните години лекарите предупредуваат за зголемување на бројот на заболени и тоа не само од алергии туку и од кардиоваскуларните и малигните заболувања, што повторно се образложува со современиот начин на живеење.
XS
SM
MD
LG