Достапни линкови

Железничката линија Скопје – Кичево не функционира


Железничката линија Скопје - Кичево што поминува низ Радуша, село во кое минатата година се водеа воени дејствиа и беше една од главните причини за запирање на истата и покрај пуштање во употреба минтата недела со маршрутата на министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски сеуште не функционира. Причина за тоа како што вели заменик диреторот на Македонски Железници Хамзи Џафери е опструкцијата од некои министерства:

„Сеуште имаме некои опструкции. Очекуваме помош од министерствата за транспорт и економија. Но, луѓето изгледа се презафатени, па затоа до сега немаме некое соодветно решение.“

Министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски најавувајќи го пуштањето на редовната железничка линија Скопје - Кичево рече:

„Со ова ние сакаме да го означиме завршувањето на процесот на мирната реинтеграција и враќањето на довербата во кризниот регион во државата. А, воедно и повторно отпочнување, што е многу важно на редовната патничка линија Куманово – Скопје, односно Скопје – Кичево. Линија која од недела ќе биде во возниот ред на македонските железници.“

Заменик директорот на Македонски Железници, Хамзи Џафери вели дека за профункционирање на оваа линија помош е побарано и од меѓународните организации во земјава.

„Во соработка сме со ОБСЕ и со другите надоврешни структури. Тие ни рекоа дека ќе ни помагаат во оваа насока.“
XS
SM
MD
LG