Достапни линкови

ОБСЕ ќе обучува 80 насто од полицајците


ОБСЕ ќе обучува околу 80 проценти од полицијата што ќе биде вклучена во одржување на редот и мирот во изборниот процес.

„Ние ќе тренираме 4200 полицајци кои ќе бидат задолжени за безбедноста за време на изборите . Тренингот ќе трае од 5 до 15 август,“

вели Барт Дхуги од ОБСЕ одговорен за обуката на полицијата која ќе биде вклучена во одржување на редот во текот на изборниот процес. Тој посочува дека обуката ќе се одвива по региони , односно во шесте изборни единици.

„Обуката ќе ја води тим од 18 инструктори, шест национални правни експерти, шест мегународни тренери и шест инструктори од министерството за внататешни работи. Таа е особено важна бидејќи полицијата има голема улога во текот на целиот изборен процес.“

Дхуги објаснува дека улогата на полицијата е од големо значење во текот на предизборната кампања, за време на митинзите. Тој вели дека таа ќе има и специфични должности на денот на изборите, особено по затворањето на избирачките места, бидејќи ќе ги обезбедува тимовите при прнесување на изборниот материјал до регионалните изборни комисии.

ОБСЕ освен што ќе ја обучува полицијата , нејзината канцеларијата за човекови права и демократија ќе ги набњудува изборите, односно во мониторнгот на изборите ќе учествуваат 17 изборни експерти, 45 регионални и околу 750 краткориочни набљудувачи.

Во тек се и разговори на релација Скопје Брисел за ангажирање на дополнителни сто војници кои ќе ги заштитуваат мониторите на ОБСЕ. Во НАТО објаснуваат дека примарната заштита на странските набљудувачи е задача на македонската влада, а не на меѓународните организации.
XS
SM
MD
LG