Достапни линкови

Москва: Се зголемува бројот на удавени во градските езерца и реки


Уште седум луѓе се удавиле во московските реки и езерца во изминативе 24 часа со што бројот на лицата што починале на овој начин од 1-јуни се зголеми на 168. Во Москва температурите во текот на месецов изнесуваат околу 30 степени, при што граѓаните бараа освежување во водите, иако повеќето од лицата што починаа беа под силно дејство на алкохол.
XS
SM
MD
LG