Достапни линкови

До трети август можен увид и измени


До трети август граганите ќе можат да проверат дали се запишани во избирачкиот список, тоа ќе можат да го сторат во подрачните одделенија на министерството за правда, месните канцеларии и населените места каде што живеат. Секој граѓанин ќе може да ги провери податоците во избирачкиот список за себе и за друго лице. Секој може да побара измена во избирачкиот список.

„Поточно да не е запишан ако неговите лични податоци се неточни, ако некој друг избирач што има право на глас не е запишан во избирачкиот список, потоа ако личните податоци на некој друг избирач не се точни и на крајот ако некое лице нема право на глас, или не живее во општината, а е запишано во избирачкиот список.“

вели Мирјана Илиева портпарол на министерството за правда.

Ако се побара измена во Избирачкиот список министерството е должно да одговори на барањето во рок од 24 часа од неговиот прием и ако барањето е основано ќе се изврши измена во избирачкиот список, во спротивно барањето ќе биде одбиено со решение против кое може да се поднесе жалба по која постапува Државната изборна комисија.

Граѓанската асоцијција МОСТ која ќе ги набљудува претстојните избори спроведе и две акции во кои граѓаните можеа да ги проверат податоците. Во првата 69 процети од граѓаните не можеа да ги проверат податоците. За разлика од оваа во МОСТ велат дека се задоволни од резултатите во втората акција, бидејќи од 15 градови само во три градови граѓаните имаа потешкотии во проверката на податоците.

„Вработените во подрачните единици во министерството за правда, сфатија дека според законот за избирачки список граѓаните имаат неограничено право во текот на целата година да ги проверуваат своите податоци и да ги менуваат.“

изјави Македонка Трајковска од оваа асоцијација.
Дел од граѓаните незаинтересирани за изборите и за тоа дали се запишани во избирачкиот список

„Не мислам да направам увид зашто не сум заинтересирана да гласам, зашто не сум задоволна ниту од сегашната власт ниту од оние што конкурираат на изборите.“

А на некои пак се им зависи од времето

„Ако стигнам ќе одам да видам.“
XS
SM
MD
LG