Достапни линкови

Коалицирањето во албанскиот блок сеуште отворено


Во Демократска Унија за Интеграција на Албанците не ја исклучуваат можноста за коалицирање со Национално Демократската Партија на Хаџиреџа и Партијата за Демократски Проспертет, но притоа велат дека треба да се земат во предвид рејтинзите на партиите. Портпаролот на оваа партија Агрон Буџаку изјави:

„Добро е познато по сите скандали и испитувања на јавното мислење во Македонија дека ние сме во голема предност, па според тоа мислам дека е доволно тоа дека ние ќе бидеме тие што ќе одлучиме дали ќе коалицираме со некого или не.“

Таква коалиција не само што е наша желба туку е и потреба која ќе биде во интерес на демократските прцеси во земјата, вели портпаролот на ПДП Захир Бектеши кој коментирајки ја претходната изјава на Буџаку рече:



„За нас е познат политичкиот спектар на јавноста во земјата, но за нас е важна фукнционалноста на тој спектар во однос на политичките процеси што всушност ќе го докажат и изборите што следуваат.“

Ако преговорите меѓу овие три партии завршат успешно единствена партија потписник на рамковниот договор што ќе настапи самостојно на парламентарните избори е ДПА на Арбен Џафери.

Другите две партии од македонскиот бок што исто така се потписнички на рамковсниот договор, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе ги објавија своите коалициони партнери.

СДСМ го задржа партнерството со ЛДП на Ристо Пенов, а на коалицијата се придружија и помалите партии на заедниците што живеат во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со ЛП на Стојан Андов, а можно е на коалицијата да и се приклучи и Нова Демократија, но под услов лидерот Чедо Петров да ја напушти претседателската функција на оваа партија.
XS
SM
MD
LG