Достапни линкови

logo-print

Инциденти од помали размери


Истрели од оружје во повеќе наврати во Тетовско и Кумановско. Во Скопје пред гаражата на еден жител од населбата Чаир синоќа е фрлена бомба кашикара. Истиот ден попладнето на македонската граница во делот со Албанија ловџии пукале при што лесно е повреден припадник на армиската гранична патрола.

Ова е билансот на инцидентите во Македонија во изминативе два дена што според надлежните лица се оценуваат како инциденти од мали размери. Со тој речник портпаролот на АРМ Благоја Марковски го оцени вчерашниот инцидентот на границата

„Не се работи за сериозен инцидент. Во последно време сметаме дека состојбата на границата е доста релаксирана, нема влегување на поголеми терористички групации или вооружени лица.“

Рече портпаролот на АРМ според кого гледано генерално вкупната безбедносна ситуација во државава во моментов е:

„Стабилизирачка и со тенденција така да продолжи и во наредниот период. Со забелешка дека и натаму има оружени провокации во кризните регони поради големото количество оружје што се наоѓа во рацете на некои лица.“

Поради последнава констатација од страна на АРМ во неклку наврати досега е побарано да се преземе широка акција на разоружување.

„Се додека постои илегално оружје во кризните региони, сметаме дека состојбите не може потполно да бидат релаксирани. Тие кои ги произведуваат овие провокации, единствено што имаат за цел е спротиставување на потполната имплементација на мирот во Република Македонија.“

Со основната констатција дека во Македонија многу лица поседуваат нелегално оружје коинцидира и синоќешниот инцидент што по вторпат за само неколку дена ги возмири жителите на Чаир. По пукотницата пред неклку денови кога на балаконот во неговиот дом беше убиен член на семејството Хаџибулиќ синоќа во оваа населба во вечерните часови одекна силна експлозија. Кога непознато лице од моторно возило фрлило бомба пред гаражата на еден жител од албанска национаност. МВР засега нема сознанија за сторителот и за причината за инцидентот што за среќа единствено предизвикал минимална материјална штета и паника меѓу жителите на Чаир.

„Спискаа дечињата што играа во околината, но добро е што нема жртви. Со оглед на се што се случува, не ни беше сеедно и се вознемиривме.“

Рече жител на Чаир што живее во близина на зградата каде што била фрлена експлозивната направа.
МВР објавува дека трагаат по стрителот на овој инцидент. Ова се однесува и во делот на истрагата за стрителите на убиството на Хаџибулиќ.
XS
SM
MD
LG