Достапни линкови

Софија: Одложено судењето на обвинетите за убиство на екс премиерот


Бугарскиот суд во Софија го одложи судењето против двајцата украинци обвинети за убиство на поранешниот премиер Андреј Луканов поради видните белези на нивните тела кои укажуваа дека биле претепани. Александар Русов и Алексеј Кишатов изјавија дека полицијата ги тепала за да изнуди признание, додека министерот за внатрешни работи Румен Савов изјави дека тие ги испровоцирале чуварите кои биле принудени да употребат сила. Покрај двајцата украинци екстрадирани од Киев во 2 илјадитата година уште 4 бугари се обвинети за вмешаност во убиството на бившиот премиер Луканов.
XS
SM
MD
LG