Достапни линкови

logo-print

Земјите од југоисточна Европа треба да се стремат кон создавање слободна трговска зона


На државите од Пактот за стабилност на југоисточна Европа западните бизнисмени и можни инвеститори недвосмислено им порачаа - ако сакате да привлечете странски инвестиции морате да се потрудите и да преземете одговорност за инвестиционата клима.

На последниот состанок во Виена министрите за економија и надворешни работи од Македонија, Албанија, Бугарија, Југославија, Хрватска, Романија, Молдавија и Босна покажаа дека пораката ја сфаќаат сериозно. Тие потпишаа декларација во која се залагаат за борба против корупцијата, намалување на трговските и инвестициони бариери, поедноставување на бизнис – регулативата и воспоставување фер и транспаренти услови за работа.

Сево ова откако Европската банка за Реконструкција и Развој конкретно укажа дека странските инвестиции дефинитивно ќе почнат да се намалуваат по првиот бран на приватизацијата. Ваквата проценка ја дава и првиот човек на пактот за стабилност Ерхард Бузек . Тој на министрите од осум земји на Пактот им рече дека меѓународниот бизнис ги третира земјите од југоисточна Европа во пакет и поради тоа тие треба така и да се однесуваат


„Само со преземањето колективна одговорност за инвестиционата клима државите од Југоисточна Европа можат да обезбедат прилив на директни странски инвестиции кои се неопходни за економскиот развој. Една лоша приказна од регионот може да расипе десет добри.“

Оттаму и разговорите на министрите од земјите членки на Пактот за стабилност беа посветени на можноста за создавање слободна трговска зона.


„Мислам дека треба да се движиме кон создавање слободна трговска зона, нешто како ЦЕФТА, во подготовка за европската интеграција и заедничкиот пазар.“

рече координаторот на Пактот за стабилност на југоисточна Европа Ерхард Бузек.
XS
SM
MD
LG