Достапни линкови

Трошоците 2.3 милиони евра


Од околу 2.3 милиони евра што ќе бидат потрошени за спроведување на претстојните парламентарни избори, најголем дел, односно милион и 100 илјади евра ќе се потрошат за хонорари на членовите на ДИК, регионалните, општинските изборни комисии и избирачките одбори.

„Во рамките на тие 140 милиони денари е предвидено да се потрошат пари за печатење на гласачките ливчиња, за гласачки кутии, потоа обрасци за записници, натаму за материјални трошоци на ДИК. Исто така е предвидено годинава за помошното тело на ДИК, за информационо биро со прес центар, како и за помошните тела, за регионалните изборни комисии,“ - вели портпаролот на ДИК Зоран Таневски.

Употребата на новите изборни методи, како средства за обележување и проверка на лицата кои ќе гласаат ламба, спреј и графитно перниче ќе придонесат за поголема регуларност на изборите оценуваат во ДИК.

„Злоупотребата на законот од страна на партиите коишто се на власт и оваа потреба којашто се наметна сега се реализира на начин што се воведуваат нови материјали потребни за реализирање на фер и демократски избори,“ – изјави Мери Младеновска.

Опрема за изборите во вредност од 266 илјади евра ќе донира и меѓународната фондација за изборни системи. Новата стандардизирана опрема ќе вклучи нови гласачки кутии, некршливи за сите 2973 гласачки места исти какви што се користеа на изборите во БИХ и Косово. Според Ден Блесингтон од меѓународната фондација за изборни системи:

„Стандардизацијата на изборната опрема, како гласачките кутии може да помогне за изборниот процес да биде фер. Но, тоа само по себе не е доволно да ги направи изборите да бидат демократски. Потребна е и волја на политичките партии.“
XS
SM
MD
LG