Достапни линкови

Разрешениот владика Јован протеран и од Неготино


Протерувањата на разрешениот владика Јован манастирите и црквите во Македонија од страна на граѓаните добива континуитет. Доцна синоќа тој е избркан од неготинскито манастир од група дневни граѓани, поради неговоро опстојување на ставот за непризнавање на Синодот на МПЦ, откако тој поединечно стапи во канонско единство со другите православни цркви.

„После завршувањето на вечерната служба беа собрани десетина хулигани, луѓе очигледно платени, бидејќи со голем гнев и омраза сакаа физички да се пресметаат со нас и уште дестина, дваесетина баби кои изманипулирани од црковните власти физички, со сила, не истуркаа надвор од манстирските порти, пред очите на полицијата, за жал и ги затворија манастирските врати,“

рече Јован кој доцна синоќа заминал од Неготино со неколкумина негови следбеници.

„Сега сум во приватен стан кај моите родители, со сите браќа и сестри, тука на 60 квадрати, девет луѓе.“

Ова е за сега епилогот за Јован, откако пред две недели Синодот на МПЦ донесе одлука да го разреши од функцијата Владика на велешко-повардарската епархија од каде што исто така беше протеран и испратен во неготинскиот манстир сп цел таму да се покае за неговата одлука.

Многу е јасно дека Јован нема намера да се покае, ниту да замине во друга држава како што порача, туку дека вистината како што рече ќе ја бранел со тоа што самиот ќе изградел црква во Македонија каде непречено ќе богослужел, рече протераниот Јован.
XS
SM
MD
LG