Достапни линкови

logo-print

Сочи: Неформален самит на Путин и Ширак


Зближување во односите на Русија и Франција се првичниот резултат од неформалниот самит на председателите Путин и Ширак во Сочи.


Москва се надева на плодна соработка во рамките на Групата 8 за време на француското председателствување со клубот на најразвиените земји во светот – изјави рускиот председател по првиот дел од разговорите со неговиот француски колега. На нив освен за билатералната соработка е разговарано и за клучните меѓународни проблеми. Изразена е загриженост за израелско палестинскиот конфликт како и за тешкотиите во стабилизацијата на Афганистан. Според порпаролката на Ширак околу блискоисточната криза двајцата председатели се заложиле за добро организирана меѓународна конференција како најдобро решение за обнова на израелско-палестинскиот дијалог.
XS
SM
MD
LG