Достапни линкови

Одговори во зависност од партиската припадност


За пратениците од опозицијата овој собраниски состав не ја заврши својата задача или работеше како што сакаше владејачката гарнитура во земјава. За разлика од нив, пратениците од парламентарното мнозинство посочуваат дека парламентот во овие четири години стори многу. Но, додаваат дека можеше да направи и повеќе.

„Останува нескриено нашето чувство на незадоволство, дека од трите парламентарни состави овој беше пример како парламентот е инстументализиран од страна на извшрната власт и место да биде контролор во нејзиното дејствување, фактички се претвори во нејзина продолжена рака преку претворање на пратениците од власта во гласачки машини без сопствено размислување,“ – изјави Илија Иловски од СДСМ.

Според него, септемвриските избори ќе бидат најдобар тест за пратениците кои повторно ќе бидат кандидирани на изборните листи. Либерал демократот Петар Гошев посочува дека пратениците од опозицијата не можеа да сторат ништо, а пратениците од ДПА и ВМРО-ДПМНЕ:

„Создаваа правна основа да можат да остваруваат лични привилиегии, богатења на најнезаслужен можен начин.“

Овој собраниски состав донесе многу важни законски акти, но можеше да направи и повеќе вели Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели:

„Донесовме повеќе закони што го имаат подигнато стандардот и квалитетот на живеење. Донесовме голем број закони преку кои спроведовме реформи во финансиското и економското работење, во здравствениот ситем, во образовниот систем и во сите сфери на живеењето. Не треба да заборавиме и дека ова собрание имаше хедикеп да не работи половина година поради кризата на Косово.“

Оломан Сулејмани од ПДП пак смета дека овој собраниски состав сторил и добри и лоши работи.

„Јас се надевам дека бев она што значи да се биде прва рака на граѓаните, односно на избирачите.“
XS
SM
MD
LG