Достапни линкови

Палестинците и Израел еднакво одговорни


Американскиот претседател Џорџ Буш на разговорите со шефовите на дипломатиите на клучните арапски држави оцени дека пелестинците и Израел се еднакво одговорни за завршување на насилството на Блискиот Исток.

„Одбиваме да бидеме обесхрабрени. Ние ке продолжиме да работиме за мирот.“

Арапските министри кои со Буш разговараа во Вашингтон го поздравија ставот на американскиот претседател соопштувајќи дека забележале дека Соединетите држави се залагаат за создавање палестинска држава. Саудискиот министер за надворешни работи Сауд Ал Фејсал изрази задоволство поради американскиот став дека до мирот ќе дојде само со прифаќање на заедничката одговорност.

„Блискиот Исток е на точката која води кон два правци. Едниот е патот кон катастрофата, а другиот кон мирот и безбедноста. Сите ние треба да се придвижиме кон патот на мирот за да ја спречиме катасрофата која се заканува. “

Арапските министри инаку дојдоа сомничави во Вашингтон од аспект на новата политика најавена од претседателот Буш. Американскиот државен секретар Колин Пауел, кој претходно се состана со арапските министри изјави дека Вашингтон ке работи напорно за во следните 3 години со политичко решение биде создадена палестинска држава. Советот за безбедност на Обединетите Нации во меѓувреме ги повика Израел и палестинците да ги подржат меѓународните напори за изнаоѓање решенија за блискоисточната криза и за формирање палестинска држава во рок од три години. Советот за безбедност всушност ја усвои заедничката изјава на Соединетите држави, Русија, Европската Унија и Обединетите нации донесена на средбата на таканаречениот квартет во Вашингтон. Во изјавата се повикува на интензивирање на напорите за остварување на реформите и обезбедување мир во регионот.
XS
SM
MD
LG