Достапни линкови

Андов дава преодна, граѓаните не


На крајот од работата на третиот по ред парламнтарен состав, еве ги оценките за тоа колку 120-те народни претстaвници заедно успаја да сработат во овие како што рече спикерот Стојан Андов критични години за државата.

„Покажавме дека во Македонија имаме цврсти, стабилни и одговорни институции.“

Ова е преодната оценка на спикерот Андов за работата на парламентот. Тој беше прв човек на собранието во првиот состав, а таа улога ја презема на средината од рабтата на парламнтот чиј што мандат измина.

А од агол на граѓаните:

„Не може да добијат преодна оценка. Некако со инает работеа. Од сто закони ако земеме, веројатно има три, четири што се во полза на демократијата, ама тоа е минимално.“

Друг граѓанин смета:

„Ништо не работеа. Само се караа. Хумористични беа“

Впечатливо беше раководењето на седницата од страна на искусниот спикер Стојан Андов вели еден граѓанин.

„Алал нека му е. Таков човек веќе тешко да се роди да води.“

Во спецификите на овој состав на парламентот влегуваат донесуавањето на повеќе закони кои требаше да го значат отпочнување на реформите во повеќе сегменти на државата. Парламентот во еден период престана со својата рабоата поради воената криза во земјава. Голем дел од обврските на парламнтарците потоа се однесувааа на усвојуавње на законите од рамковниот договор.
XS
SM
MD
LG