Достапни линкови

logo-print

Техеран: Антиамерикански демонстрации


Антиамериканските демонстрации на неколку стотици илјади Иранци во Техеран поради како се наведува заканите и мешањето на Вашингтон во внатрешните работи на земјата минаа без инциденти, јавуваат иранските државни медиуми. Според полициски извори на демонстрациите учествувале осум стотини илјади луѓе, додека новинарските проценки говорат за триста илјади. Протестите, на кои учествувале и припадници на елитните воени и полициски единици, се предизвикани од неодамнешната изјава на американскиот председател Буш кој побарал од Иран да ја напушти деструктивната и непопустлива политика.
XS
SM
MD
LG