Достапни линкови

Уште една порака за фер и деморкатски избори


Со уште една порака за фер и демократски избори и поддршка за имплементацијата на охридскиот договор денеска во Скопје е генералниот секретар на Советот на Европа, Валтер Швимер. Пред претстојните парламентарни избори оваа меѓународна организација испраќа позитивни сигнали за рамковниот договор како редок пример кој го превенира минатогодишниот етнички конфликт во земјава и модел по кој може да се решаваат малцинските прашања.

„Посетата на генералниот секретар на Република Македонија е во конеткст на редовните посети на земјите на југоисточна и централна Европа и во контекст на преоценување на демократскиот развој во овие држави. Советот на Европа исклучително ги цени напорите што Република Македонија ги прави во стабилизирањето на состојбата особено во однос на унапредувањето на правата на припадниците на заедниците во Република Македонија или поточно на малцинаствата што во основа се наметнува како модел за решавање на малцинските прашања, односно проблеми во останатите држави во Европа кои се соочуваат со такви или слични проблеми.“

изјави амбасадорот на Македонија во Советот на Европа Ѕвонимир Јанкуловски.

Советот на Европа ќе се вклучи во мониторингот на претстојните избори со свои набљудувачи на покана на претседателот на Собранието Стојан Андов. Јанкуловски посочува дека бројот на набљудувачите од оваа меѓународна организација нема да биде голем.

Првиот човек на Советот на Европа на разговори со македонскиот државен врв. Денеска тој разговара со премиерот Герогиевски, и министерот за надворешни работи Салободан Чашуле, а утре со претседателот Борис Трајковски со парламентарниот спикер Стојан Андов како и со лидерите на четирите партии потписнички на рамковниот договор. За Советот на Европа децентрализацијата на државата и примената на договореното во Охрид е од суштинско значење. За тоа што е сторено на овој план Швимер се среќава и со министерот за локална самоуправа Фаик Арслани. За време на посетата ќе биде потпишан и меморандум за продлабочување на соработката мегу нашата земја и Советот на Европа.
XS
SM
MD
LG