Достапни линкови

Претстојните избори критични за иднината на Македонија


Охридскиот договор е речиси комплетно исполнет. Албанците можат да го користат сопствениот јазик, а добија и поголеми права во единиците на локалната самоуправа. Меѓутоа, мирот и натаму е неизвесен, бидејќи во Македонија сеуште има многу оружје, а делови од земјата не се под целосна владина контрола, оценува Кришчнс саинс монитор. Во меѓувреме, лошата економска состојба, како последица од војната, предизвикува незадоволство кај сите граѓани на Македонија. Според многумина, еден од главните проблеми е корупцијата, која ги уништува економијата и довербата во владата и ја поткопува стабилноста на државата.

Се проценува дека престојните парламентарни избори ќе бидат критични за иднината на Македонија и затоа западните фактори преземаат мерки за избегнување на можните проблеми. ОБСЕ планира да распореди 750 посматрачи, што е досега најголема група за следење избори. Актуелната македонска владина коалиција ќе се бори да остане на власт, но во политичката битка се вклучи и поранешниот лидер на ОНА Али Ахмети, сега како лидер на политичка партија.

Иако аместиран од владата, рехабилитацијата на Ахмети не е комплетна. Американската администрација и натаму го избегнува поради неговата улога во воената криза и го држи на листата на лицата за кои смета дека се закана за меѓународните мировни напори на Западниот Балкан. Од друга страна, Западните дипломати во Скопје го поздравуваат влегувањето на Ахмети во политиката оценувајќи дека тоа може да релаксирање на односите меѓу Македонците и Албанците. Ахмети ја отфрли националистичката реторика и изјавува дека се залага за нов концепт, без националистички фрази, и за решенија кои ќе донесат перспектива за сите граѓани во рамките на европската интеграција. Но и покрај неговите прогресивни ставови, сеуште е прашање колку бившиот бунтовник може и навистина да биде демократ.

Неговиот главен ривал за престојните избори, лидерот на ДПА, Арбен Џафери се обидува да го елиминира со тврдење дека тој, а не Ахмети, е порадикален бранител на интересите на етничките Албанци, наведува весникот Кришчн Сајнс монитор.
XS
SM
MD
LG