Достапни линкови

logo-print

Израел: Нов бомбашки напад


Седум лица загинаа а 30 се ранети во синоќешниот самоубиствен напад во Тел Авив за кој одговорноста ја презеде организацијата исламски Џихад. Израелското радио јави дека пет лица се тешко ранети додека останатите се наоѓаат надвор од животна опасност. Шефот на полицијата во Тел Авив Јоси Садбон изјави дека двајца палестинци самоубијци го извршиле нападот. Палестинските власти го осудија синоќешниот бомбашки напад во Тел Авив . Ја осудуваме таа операција. Таа нема во ништо да му помогне на палестинскиот народ , изјави Ахмед Абделрахман секретар на владата на палестинскиот лидер Јасер Арафат.
XS
SM
MD
LG