Достапни линкови

Шпанија ги отстрани мароканските војници од островот Перихил


Шпанската влада соопшти дека за време на операцијата „Остранување“ на 12-те марокански војници од медитеранскиот остров Перехил немало повредени на двете страни. До акцијата доаѓа шест дена откако Мароко испрати војници на овој остров. Според локалните медиуми, во операцијата биле вклучени специјални сили, воени авиони, хеликоптери и воени бродови и при тоа биле заробени шест марокански војници. Шпанија претходно го повика својот амбасадор од Мароко на консулатации незадоволна од одговорот на нотата упатена до Рабат. Мадрид оцени дека милитаризацијата на овој остров го нарушува статус кво-то од 1991 година. За преземениот воен чекор Шпанија го извести Советот за безбедност на Обединетите Нации. Тензиите меѓу двете земји на Медитеранот ескалираа откако Мароко кон крајот на минатата година го повлече својот амбасадор од Шпанија поради несогласувањата околу илегалната имиграција и позицијата на Мадрид во врска со конфликтот во западниот дел на Сахара. Шпанија го обвини Мароко дека не прави речиси ништо за да го спречи приливот на имигранти, додека Мароко ја обвини Шпанија оти ги поддржува бунтовниците на движењето Полисарио во западна Сахара. Шпанија по избувнувањето на кризата односно по испраќањето на мароканските војници на малото и ненаселено острово Перехил испрати шест воени бродови за да ги заштити 130 – те илјади жители на северно-африканската шпанска енклава Цеута и Мелила. Шпанското пет вековно присуство на брегот на јужниот Медитеран преставува историски извор на тензии меѓу двете земји. Медиумите јавија дека Шпанија инсталирала анти-авионско оружје и испратила елитни единици во Цеита – неколку километри од Перехил. Шпанија признава дека суверенитеот врз Перехил е нејасен, но соопштува дека Мароко насилно го крши тајниот договор од 1960 година, со кој на двете земји им се забранува воено присуство на островот. Во целиот спор Арапската лига го подржува Мароко, а Европската Унија ја подржува Шпанија.
XS
SM
MD
LG