Достапни линкови

Граѓаните револтирани од односот на државата


Околу пет илјади граѓани од западниот дел на Македонија сметаат дека се оштетени во таканаречената автомобилска афера. Тие не можат да ги регистрираат купените половни возила претежно од Албанија.

Граѓаните тврдат дека возилата ги увезле легално во периодот од 26-ти јануари до 24-ти февруари годинава врз основа на измените во законот за надворешно-трговско работење со што според нивната проценка платила сума од околу 20 милиони евра, а за царина, даноци и други давачки кон државата околу десет милиони евра.

Сумата за која сметаме дека сме оштетени е околу 30 милиони евра велат сопствениците на старите возила што сеуште се со албански регистарски таблички. Одговорот на МВР за одбиените барања за регистрација на возилата е дека се работи за фалсификувани сообраќајни дозволи со што не се согласуваат нивните сопственици.

„Требаше да ни се каже уште при увозот, пред да ја уплатиме царината, данокот, акцизите да ни се посочи дека сообраќајната дозвола ни е фалсификат. Ние тврдиме дека не сме го направиле фалсификатот. Ние сме излажани од државите од каде што се увезени возилата,“

вели Љупчо Нацевски еден од сопствениците на ваквите возила и претседател на здружението Вистина со седиште во Охрид што ги штити правата на граѓаните кои тврдат дека ги поседуваат сите потербни документи и мислат дека се сместени во некоја игра.

„Со истите документи поминавме на царина и се платија давачките на државата“

Освен образложението за непостоењето докази за потекло на возилата МВР до сега се нема огласено со официјален став за револтот на овие граѓани. Во здружението Вистина велат дека ако не добијат позитивен одговор на жалбите доставени до второстепената владина комисија ќе ги блокираат патиштата, а следен чекор е поведувањето судска постапка против државата.
XS
SM
MD
LG