Достапни линкови

Спорот да се решава со правни средства


Бидејќи со политички и дипломатски средства во преговорите со Грција во ОН до сега не е направен никаков напредок во решавањето на спорот со името, Македонија мора да почне да ги користи правните средства што и стојат на располагање.

Ова е основната поента што лежи зад иницијативата што ја презеде пратеникот Тито Петковски упатувајќи допис до ОН

„Да се покрене во Македонија и јавното мислење, но пред се надлежните институции во врска со нашето име, тоа се органиет на ОН.“

Во писмото што СДСМ го упатило до генералниот секретар на ОН како и претходно до правните комитети на светската организација тој укажува дека во случајот со приемот на Македонија под привременото име БЈРМ не е испочитувана процедурата, односно правото на државата за неусловен пристап во светската организација откко веќе е признато дека веќе ги исполнува критериумите за прием наведени во повелбата.

Нееднаквиот статус што и е наметнат на Македонија се гледа и во дополнителните обврски во вид на одредба со која практично на земјава и е наметнато ад преговара со Грција за своето име. Со тоа, вели Петковски е нарушен принципот на суверена еднаквост на членките содржан во повелбата на ОН и направен е преседан во работата на светската организација.

Со иницијативата на Петковски практично, Македонија почнува да го артикулира ставот дека наметнувањето на привременото име БЈРМ што со непостоењето на Југославија станува апсурдно претставува кршење на правната постапка. Оттаму проблемот не е дипломатски ниту политички, туку правен и како таков треба да биде решен во ОН, а не во компромиси со Грција.

„Девет години од резолуцијата на ОН се период кој претпоставува македонски одговор по ова прашање.“
XS
SM
MD
LG