Достапни линкови

Турција: Се продлабочува кризата во партијата на Еџевит


Турската владина коалиција денеска го загуби апсолутното мнозинство во парламентот . Уште шест пратеници од редовите на премиерот Еџевит ја напуштија Демократската Партија на Левицата и сега владината коалиција брои 275 пратеници од вкупноте 550. Еџевит денеска закажа состанок на својата партија на која ќе се разговара за заминувањето на партиското членството. Според најавите парламентот на први септември треба да одржи седница на која треба да се реши дали ќе се одржат предвремени парламентарни избори во ноември годинава.
XS
SM
MD
LG