Достапни линкови

Косово: Конечниот статус треба да се бара со преговори


Решението за конечниот статус на Косово треба да се бара во преговорите меѓу Приштина и Белград со меѓународно посредништво, изјави експертот за Балканот при американскиот институт за мир во Вашингтон Данијел Сервер. Во интервјуто кое денеска го објавува приштинскиот весаник Коха Диторе, Сервер вели дека пред одлуката за конечниот статус на Косово треба добро да се појасни прашањето со Македонија, потоа Србија, како ќе патуваат србите на Косово и косоварите во Србија и како ќе се чуваат српските споменици на Косово.
XS
SM
MD
LG