Достапни линкови

САД: Буш оптимист за американската економија


Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека американската економија е фундаментално силна и покрај серијата корпорациски скандали и паѓањето на берзите. Буш ги наведе ниската инфлација и каматни стапки, добрата монетарна политика и порастот во продуктивноста како позитивни економски индикатори за американската економија. Изјавата на Буш сепак не влијаеше на берзата, каде што и натаму продолжува надолниот тренд.
XS
SM
MD
LG