Достапни линкови

Новиот состав по нови правила


По три мандати на Собранието, пратениците од наредниот состав на парламентот ќе работат по нови правила, односно по нов деловник. Во овој период Собранието работеше врз основа на привремениот деловник од 1991 година. Во услови на нов уставен и политички систем, а при немање деловник, во работата на Собранието за надминување на отворените прашања често пати се изнаоѓаа решенија преку градење на сопствена практика.

Причината за недонесување на деловник за работа на Собранието беше прашањето за употреба на јазикот. Но, по постигнувањето на согласност за ова прашање меѓу четирите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ПДП и ДПА парламентот од наредниот состав ќе почне да работи по нови правила.

Со новите решенија за работа на законодавниот дом што ги содржи новиот деловник работата во парламентот ќе биде поефикасна, вели претседателот на комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања, Горан Невеновски:

„Мислам дека пратениците ќе бидат многу поприсутни во Собранието, затоа што за нивното отсуство ќе следуваат санкции. Потоа, ќе биде зголемена ефикасноста на парламентот затоа што пратениците ќе бидат лимитирани со време и нема да се случува еден пратенк да зборува цел ден денеска. Тоа ќе биде предност и за граѓаниет, бидејќи ќе може полесно да го следат парламентот. Тоа се два битни елемнти што до сега недостасуваа во парлементот.“

Невеновски објаснува дека обраќањата од собраниската говорница ќе бидат ограничени на 20 миниути за координаторите на пратеничките групи, пратениците ќе можат да зборуваат само пет минути, а реплицирањето ќе биде само една минута. Ограничување ќе има и при поставувањето на пратенички прашања, односно тоа не може да треа подолго од 5 минути.
XS
SM
MD
LG